СТАТУТ на ЗРГИМ

Врз oснoва на Член 18, 26 и 104 oд Закoнoт за здруженијата и фoндации ( Сл.весник на РМ бр. 52/2010 ) и Одлуката за прoмена на иметo на Сoјузoт oд 20.05.2011 гoдина, Сoјузoт на рударските и геoлoшките инженери на Македoнија дoнесе:

С Т А Т У Т

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА РУДАРСКИТЕ И ГЕОЛОШКИТЕ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија ( скратен назив : ЗРГИМ ) е стручно, доброволно, масовно, самостојно и вонпартиско здружение на граѓаните на Република Македонија. Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија е правен наследник на Сојузот на инжењерите и техничарите од рударската, геолошката и металуршката струка на Македонија. Со доброволното истапување на металуршките инженери и формирањето на нивен посебен сојуз и на Сојузот на рударските и геолошките инженери на Македонија. Во ЗРГИМ членуваат само рударски и геолошки инженери, кои го продолжуваат активностите и традицијата на рударската и геолошката секција.

Член 2

Здружението има својство на правно лице, со права и обврски кои произлегуваат од Уставот на РМ и Законот за здруженијата на граѓани и фондациите.Здружението стекнува својство на правно лице со денот на уписот во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации. Здружението одговара за своите обврски со својот имот и средства.

Член 3

Здружението е доброволно здружен во Институција на инженерско - научни друштва и сојузи на Р.Македонија и во тие рамки делува како здружение од областа на рударската и геолошката техника и технологија, наука и практика и сите други активности поврзани со развојот на рударско - геолошката наука и практика во Република Македонија.

1.0. НАЗИВ И СЕДИШТЕ

Член 4

Назив на Здружението е : Здружене на рударските и геолошките инженери на Македонија со седиште во Скопје, на Булевар “Јане Сандански” број 113, општина Аеродром.Скратен назив на здружението е : ЗРГИМ.

Член 5

За реализирање на програмите, материјалните предпоставки и организационата поставеност, Здружението постојано соработува со Институцијата на инженерско - научните друштва и сојузи на Република Македонија и со органите на управата надлежни за дејноста на техничката култура, рударско - геолошките дејности и образование на стручните кадри Во Македонија и Стопанската комора на Македонија.

Член 6

Здружението во реализација на своите програмски активности соработува со фирмите од другите области на стопанството, како и организации, установи и институции кои придонесуваат за развојот на рударството и геологијата во Република Македонија.

Член 7

Здружението има свој печат, штембил, амблем, знаме и празник. Печатот на Здружението е со тркалезен облик, со пречник од 20 мм, на кој е напишан текстот: Здружение на рударските и геолошките инженери на Македонија - Скопје и амблемот. Амблемот на Здружението е округол, на црна и зелена подлога со 2 ( два ) вкрстени чекани ( рударскиот знак ), а на долната страна испишани се буквите на називот на здружението Здружение на рударските и геолошките инженери на Македонија ( обликот ќе биде утврден во посебна постапка. Штембилот е во правоаголна форма со димензии 65 х 25 мм и со текст: Здружение на рударските и геолошките инженери на Македонија, број, дата и место - Скопје. Рударското знаме е знаме и на Здружението. Празничен ден на Здружението е 28.08. ( Голема Богородица ), денот на рударите на Република Македонија, кој ќе се одбележува традиционално со организирање на прием и свечености.

2.0. ОСНОВНИ ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ И ДЕЈНОСТ

Член 8

Основни програмски задачи на Здружението се:
- да го поттикнува и унапредува рударско - геолошкото производство и другите дејности од овие области;
- унапредувања на знаењета и дообразување на инженерско - техничките и другите стручни рударско -геолошки кадри;
- непосредно организирање и давање потстрек на инженерите, техничарите и другите дејци во рударството и геологијата за развивање на творечката иницијатива за развој на производните сили од областа на рударството и геологијата;
- соработка на задачите и прашањата од заеднички интерес со соодветни републички органи и стручни организации, Стопанската комора на Македонија и образовно - научните институции;
- организирање и следење на работата во стручните одбори за разните области од рударството и геологијата;
- организирање и координирање на работата од областа на стандардизацијата во рударско - геолошкото производство, како и производи од други индустрии кои се неопходни во процесот на производството;
- организирање и водење на стручната издавачка дејност од областа на рударството и геологијата;
- организирање на семинари, симпозиуми, стручни и научни советувања и изложби од областа на рударството и геологијата;
- представување на рударско - геолошките струки и науки во меѓународни организации и сојузи од областа на рударството и геологијата;
- други активности поврзани со рударско - геолошките науки, практиката и развојната политика.
Дејноста на Здружението е :
91 - дејност на деловни, работнички и струкови организации
91.11 - активности на деловни и работнички здруженија
91.12 - активности на струкови здруженија

Член 9

Согласно законот на здруженијата на граѓани и фондациите, Здружението не може да врши стопанска дејност.

3.0. СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИЈАТА НА ИНЖЕНЕРСКО - НАУЧНИТЕ ДРУШТВА И СОЈУЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 10

Здружението соработува со органите на управата, Стопанската комора, Универзитетите и другите институции, а особено со институцијата на инжењерско - научните друштва и сојузи на Република Македонија и тоа:
- во дефинирање на годишните, среднорочните и долгорочните планови за развој на рударско - геолошкото производство;
- за утврдување на програмите и целите за развојот на рударско - геолошкото производство и наука;
- за определување на обемот на потребните средства за реализација на програмските задачи на Здружението;
- во давање мислење за нормативните акти и прописи за активностите во рамките на Здружението;
- соработува и по други прашања од заеднички интерес.

4.0. ФОРМИ НА ЗДРУЖУВАЊЕ

Член 11

Членувањето во Здружението е на доброволен принцип. Членувањето се врши со пристапница која при исклучувањето или престанокот на членувањето задолжително се враќа. За своите членови Здружението води регистар на членството, кој се ажурира еднаш годишно. Секој член може доброволно да истапи од Здружението.

Член 12

Во Здружението слободно и доброволно се здружуваат рударските и геолошките инженери, како и секој оној граѓанин -државјанин на Република Македонија кој работи во некоја од професионалните дејности на рударско - геолошките науки и технологии, а не се рударски или геолошки инжењери. Тие за тоа изразуваат желба и ги прифаќаат обврските и правата на член, кој произлегуваат од овој Статут и ја почитуваат професионалната инженерска етика. Член на Здружението може да стане и инжењер од прв степен и техничар и студент, кои се државјани на Република Македонија, а кои се професионално ангажирани во некое од полињата на рударско - геолошките науки и технологии. Индивидуалното членство во Здружението може да биде од следните статуси:
- член -студент
- член - техничар
- член - инжењер од прв степен
- член - дипломиран инжењер
- член - овластен самостоен инжењер
- истакнат член
- почесен член
Вообичаено членствата се примат во : член - студент, член - инжењер од прв степен и член - дипломиран инжењер. Заинтересираните кандидати можат да се здобијат со друг статус според одредени критериуми и постапки за предходно вреднување на стручното рамниште, јавната инженерска репутација и личните вредности и придонеси во инжењерската професија, наука и практика уредени со посебен акт.

5.0. УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 13

Со Здружението управуваат членовите на Здружението Права и должности на членовите се:
- рамноправно да учествува во работата на Здружението;
- да предлага Решенија од заеднички интерес;
- да ги усогласува своите ставови со другите членови;
- да избира и да биде избран во органите на Здружението;
- да работи на развивање и унапредување на заедничките и други активности кои произлегуваат од Статут, програмски цели и задачи и од усвоени одлуки и заклучоци;
- да ги спроведува во живот одредбите на овој Статут;

6.0. ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 14

6.1. СОБРАНИЕ

Член 15

Собранието е највисоко тело на Здружението, кое го сочинуваат сите членови на Здружението. Собранието го сочинуваат преставници делегирани од пооделни региони во Република Македонија по градови и тоа:
- Регион Скопје, со градовите Тетово, Куманово и Велес;
- Регион Кичево, со градовите, Гостивар, М.Брод, Дебар, Струга и Охрид;
- Регион Битола со градовите Демир Хисар и Сопотница;
- Регион Прилеп;
- Регион Кавадарци со градовите, Неготино, Демир Капија и Гевгелија;
- Регион Штип со градот Свети Николе;
- Регион Радовиш со градовите Струмица, Валандово и Дојран;
- Регион М.Каменица со градовите Кочани, Виница, Берово и Делчево;
- Регион Пробиштип со градовите Кратово и Крива Паланка.
Преставниците -членовиоте во Собранието се делегираат според следните критериуми:
-регион до 5 членови, делегира ... 1 (еден) член
-регион до 10 членови, делегира .... 2 (два) члена
-регион до 20 членови, делегира ..... 3 (три) члена
-регион до 30 членови, делегира ......4(четири) члена
регион над 30 членови, делегира ...... 5 (пет) члена
Представник може да биде само лице кое има постојано живеалиште во регионот каде се избира.
Мандатот на членовите на Собранието трае 4 години, со можност за повторен избор.

Член 16

Собранието ги врши следните работи: - донесува Статут и врши измени и дополнувања на истиот;
- донесува одлука за вкупното располагање со средствата и нивното отѓување според условите утврдени со закон;
- усвојува програмска ориентација за работа на Здружението за период од 4 години;
- усвојува завршна сметка и финансиски план;
- оснива фондови и одлучува за нивното укинување;
- одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на Здружението;
- одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
- констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
- врши избор на членови на Извршниот одбор на Здружението;
- го разгледува и усвојува Извештајот на Извршниот одбор на Здружението;
- ја следи материјално - финансиската состојба;
- расправа за постигнатите резултати за развојот на Здружението и дава насоки за натамошниот развој;
- донесува Одлуки, заклучоци и препораки за решавање на прашања од животот и работата на Здружението;
- донесува одлука за основање на трговско друштво согласно законот;
- одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство;
- одлучува за други прашања кои не се во надлежност на другите тела на Здружението;
- врши и други работи во согласност со Статутот и општите акти на Здружението и
- врши избор на председател на Здружението

Член 17

Седница на Здружението свикува Председателот на Собранието.
Седницата на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор или на 1 / 5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако председателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на даденот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.
Собранието може да работи ако на него присуствуваат повеќе од една половина од вкупниот број членови ( представници ).
Собранието одлуките ги донесува со мнозинство на гласови.
На Собранието се одлучува со јавно гласање.
Секој член на Собранието има право на еден глас.
За одредени прашања Собранието може да одлучува со тајно гласање.
Работата на Собранието се уредува со Деловник на работа.

Член 18

Член на Собрание има обврска да присуствува на седниците на Собранието.
Собранието може да одповика член на Собранието и пред истекот на мандатот, доколку членот не се придржува на одредбите на овој Статут, работи спротивно на одредбите од Статутот и целите и интересите на Здружението.
Член на Собранието може да си даде оставка во писмена форма, со што му престанува членството.
Членството во Собранието престанува и во случај членот да биде осуден за кривично дело.
Член на Собранието се иззема од гласање за прашањата поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина од втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое правно лице врз кое тој има контрола или економски интерес.

7.2. ИЗВРШЕН ОДБОР

Член 19

Извршниот одбор на Здружението е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението.
Собранието избира Извршниот одбор во кој мнозинството од членовите се државјани на Република Македонија.
Бројот на членовите на Извршниот одбор се утврдува на 13( тринаесет ) члена, кои се избираат со мандат од 4 ( четири ) години, а со можност за нивен повторен избор.
Од своите редови Извршниот одбор бира потпредседател и секретар.
Претседателот на Здружението е претседател и на Извршниот одбор.

Член 20

Извршниот одбор ги врши следните работи: - ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, одлуките и заклучоците на Собранието;
- донесува и реализира годишна програма за работата на Здружението;
- предлага измени и дополненија на Статутот на Здружението;
- донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува Договори од овој домен;
- свикува седници на Собранието и припрема материјали;
- формира стручна служба на здружението;
- именува и разрешува секретар на Здружението и ги утврдува условите за извршување на овие задачи;
- донесува одлука за формирање на комисии, други тела и ја насочува нивната работа;
- донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
- одлучува за висината на чланарината;
- донесува одлука за набавка и оутѓување на основни средства за работа на Здружението, за печатење на стручна литературе и други потреби;
- врши и други работи кои произлегуваат од тековното работење.

Член 21

Извршниот одбор работи на седници кои се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш во три месеца.
Седниците на Извршниот одбор ги свикува Претседателот на Здружението. Со овластување на Претседателот, седница може да свика и секретарот на Извршниот одбор.
Доколку Претседателот на Собранието не свика седница, во согласност со овој Статут, седница на Извршниот одбор може да се свика и на барање од три члена, во кој случај со седницата ќе раководи нај стариот член на иницијаторите.
Предлог за свикување на седница на Извршниот одбор може да поднесе и Надзорната комисија.
Седниците на Извршниот одбор можат да се одржуваат и на нив да се донесуваат полноважни одлуки, доколку на тие седници се присутни повеќе од половина од членовите на Извршниот одбор, а што е во согласност со овој Статут.
Начинот на свикување на седниците и работењето на Извршниот одбор се уредуваат со Деловник за работа.
Одлуките на Извршниот одбор по правило се донесуваат со јавно гласање, со мнозинство на присутните членови на Извршниот одбор.
За својата работа Извршниот одбор одговара на Собранието.

Член 22

Членовите на Здружението остваруваат контрола на прибавувањето, користењето и располагањето со средствата на организацијата преку органите на управување на начин утврден со овој Статут.
Заради извршување на статутарните и програмските задачи и одлуките на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор може да формира постојани Комисии како и други повремени комисии и работни тела.

Член 23

Член на Извршниот одбор има обврска да присуствува на седниците на Извршниот одбор и Собранието.
Собранието може да одповика член на Извршниот одбор и пред истекот на мандатот, доколку членот не се придржува на одредбите на овој Статут, работи спротивно на одредбите на Статутот и целите и интересите на Здружението.
Предлогот за одповикување на член на Извршниот одбор го донесува Извршниот одбор.
Член на Извршниот одбор може да си даде оставка, во писмена форма со што му престанува членството.
Членството во Извршниот одбор престанува и во случај членот да биде осуден за кривично дело.
Член на Извршниот одбор се иззема од гласање за прашањата поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина од втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое правно лице врз кое тој има контрола или економски интерес.

7.3. НАДЗОРНА КОМИСИЈА

Член 24

Надзорната Комисија работи самостојно и има овластување да го надзира материјалното и финансиското работење на Здружението, како и да врши контрола на наменското користење и располагање со средствата и приходите на Здружението.
Надзорната Комисија се состои од три члена, од кои едниот од нив е претседател.
Членови на Надзорната Комисија не можат да бидат членови на Извршниот одбор.
Надзорната Комисија се состанува по потреба, а нај малку еднаш годишно.
За својата работа Надзорната Комисија поднесува писмен извештај на Собранието.

7.4. СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА СТРУЧНИ АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 25

По извршување на административно - стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на целите и задачите на Здружението, се формира Секретаријат за стручни активности на Здружението.
Правата, обврските и одговорностите за работата на Секретаријатот се уредуваат со посебен акт што го донесува Извршниот одбор.
Средствата за работа на Секретаријатот се определуваат со финансиски план за секоја година.
Со Секретаријатот раководи секретар, кој го именува и разрешува Извршниот одбор, согласно условите кои се утврдени со посебна одлука, секретарот на Секретаријатот во исто време е и секретар на Здружението.

Член 26

Секретарот на Здружението ги има следните права и должности:
- се грижи да ја следи работата на Собранието, Извршниот одбор и другите работни тела и комисии;
- одговорен е за правилната примена на усвоените спогодби и договори;
- одговорен е за правилната примена на прописите и општите акти;
- се грижи за законитоста на актите изготвени од стручната служба;
- ги спроведува одлуките што ги донесува Собранието и Извршниот одбор и другите тела и комисии;
- се грижи за навремена изработка и подготвување на програмите и документацијата што треба да ја донесуваат или усвојуваат Собранието и Извршниот одбор;
- подготвува решенија и одлуки врз основа на Законите, кои ги донесува Собранието, Извршниот одбор и другите органи на Здружението.
Со својата работа секретарот се придржува на Законите и прописите кои важат во Република Македонија.

Член 27

Мандатот на секретарот трае 4 ( четири ) години, со можност за негово повторно именување.
Секретарот за својата работа одговара пред Извршниот одбор на Здружението.
Секретарот ноже да биде разрешен од функцијата по свое барање, со одлука на Извршниот одбор или во случај ако е осуден за кривично дело.
Секретарот може да биде разрешен од должноста ако се утврди дека постапувал спротивно на одлуките донесени од Извршниот одбор и Собранието.

7.0. ЗАСТАПУВАЊЕ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ

8.1. ПРЕТСЕДАТЕЛ

Член 28

Здружението го представува и застапува во правниот промет и спрема трети лица Претседателот на Здружението.
Претседателот е должен да свика седница на Собранието и Извршниот одбор.

Член 29

Претседателот на Здружението ги има следните права и обврски:
- го представува и застапува Здружението во правниот промет и спрема трети лица;
- остварува соработка со Институцијата на инжењерско - научните друштва и сојузи на Република Македонија и органите надлежни за делокругот на работењето на Здружението;
- се грижи за работата на Собранието и Извршниот одбор;
- ја следи и помага реализацијата на програмите;
- свикува и претседава со седницата на Собранието и Извршниот одбор;
- ги потпиешува актите што ги донесува Собранието и Извршниот одбор;
- врши и други работи предвидени со овој Статут и другите акти на Здружението.

Член 30

Мандатот на Претседателот трае 4 ( четири ) години, со можност за негов повторен избор.
Во работата на претседателот му помага Извршниот одбор.
Во отсуство на претседателот, него го заменува потпретседателот.
Претседателот може да биде одповикан од Страна на Собранието и пред истекот на мандатот, доколку утврди дека работел спротивно на одредбите на овој Статут, целите и интересите на Здружението.
Предлог за одповикување на Претседателот, поднесува на седница на Собранието Извршниот одбор.
Претседателот може да биде одповикан и доколку биде осуден за кривично дело. Претседателот за својата работа одговара на Собранието на Здружението.

8.0. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 31

Здружението за остварување на целите и задачите за работи набележани во овој Статут стекнува средства на следниот начин:
- од чланарина;
- од донации;
- од буџет;
- од издавачка дејност
- од трговски друштва и од други извори на средства.
Користењето и располагањето со средствата на Здружението добиени по основ од претходниот став, се врши на начин утврден со закон и Статут.
За користење и располагање со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени во овој Статут, кои превземаат мерки за економско целесообразно користење на средствата и за спречување на незаконитостите

Член 32

Надзорната комисија врши контрола над спроведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменското користење и располагање со средствата и приходите на Здружението.
Своите наоди и одлуки Надзорната комисија ги доставува до Собранието и Извршниот одбор на Здружението.
Здружението донесува Годишен финансиски план за приходи и расходи со кој се утврдуваат:
1. Приходи
- од чланарина;
- од донации;
- од буџет;
- од издавачка дејност;
- од трговски друштва и други извори на средства.
2. Расходи
- за активностите на Здружението;
- за издавачка дејност;
- наменски фондови;
- материјални трошоци за работата на Здружението;
- за плати и заедничка потрошувачка на вработените ( доколку ги има ).

9.0. ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Член 33

Здружението ќе издава часописи и билтени од областа на својата дејност.

10.0. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Член 34

Здружението ќе доделува награди и признанија ( благодарници и плакети ) на организации и поединци за особен придонес за развој и унапредување на рударската и геолошката дејност, производството, науката, струката, како и унапредување на работата на Здружението. Наградите и признанијата ќе се доделуваат по повод јубилеј и денот на рударите на Република Македонија 28 -ми Август.

11.0. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 35

Работата на Здружението е јавна.

12.0. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Член 36

Здружението и неговите членови, доброволно се зачленуваат во меѓународни организации, кои делуваат во областа на рударството и геологијата.
Членувањето во други организации и асоцијации не може да биде врз идеолошки или политички цели.

13.0. НАЧИН НА ДОНЕСУВАЊЕ И ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 37

Одлука за дополненија и измени на Статутот донесува Собранието на Здружението.
Измените и дополнувањата на Статутот се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.
Толкување на одредбите на Статутот дава Извршниот одбор на Здружението.
Заедно со Одлуката за измени на Актот за основање и Статутот, записникот од седницата и примерок од новиот акт, Здружението во рок од 30 дена, поднесува пријава до Регистерот на надлежниот орган водење на регистарот за запишување на промените.

14.0. ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 38

ЗРГИМ може да престане со работа:
- ако е донесена Одлука на Собранието на Здружението со двотретинско мнозинство;
- ако бројот на членовите на Здружението се намали под бројот определен за основање;
- ако Уставниот суд на Република Македонија, донесе Одлука дека програмата и Статутот на Здружението не се во согласност со Уставот;
- ако се утврди дека Здружението престанал со работата;
- ако работи спротивно на одредбите на Законот за здруженијата на граѓани и фондации;
- ако работењето на Здружението не е во согласност со Статутот на Здружението;
- во други случаи определени со закон.
Претседателот на Здружението е должен за околностите од став 1 на овој член да го извести Основниот суд во рок од 15 ( петнаесет ) дена по нивното настанување.
Престанокот на Здружението го утврдува Основниот суд со Решение, според правилата на вонпроцесната постапка.

Член 39

По престанокот со работата на Здружението, имотот и средствата што остануваат по намирувањето на обврските се користат на начин утврден во Статутот на Здружението.
Во случај на престанок на Здружението имотот им припаѓа на членовите на Здружението, и тоа во ист соодност со кој учествуваат во финансирањето на Здружението.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 40

Со донесување на овој Статут престанува да важи Статутот од 23.04 и 16.12.1998 и од 23.12.2005 година.

Здружение на рударските и геолошките инженери на Македонија

П р е т с е д а т е л

Љупчо Трајковски, дипл.руд.инж.